p1

Становите во поткровје се секогаш  предизвик за дизајнерите на ентериер, но во уредувањето на овој прекрасен мадридски стан и немале многу проблеми. Од мрачен и запуштен таван создадале  вистински мал рај, полн со шарени бои и фини детали кои потполно го оживеале просторот. Станот е површина од 50 метри квадратни, конципиран на две нивоа и поделен на две зони: една за дневни активности, а другата за ноќни, што е логично бидејќи поткровјето не располага со премногу сончева светлина. Таванскиот простор е темелно реновиран, со фантастична преобразба и комплетно нов дизајн на ентериерот. Најголемо изненадување за архитектите било сознанието дека станот има спуштени тавани, со значителен екстра простор кој е затскриен зад нив. Ваквото откритие било од голема полза во процесот на трансформација, при што погодната висина е практично искористена за постигнување посветол и проширен изглед на поткровјето. Сега, изложените греди се бојадисани во бела боја и создадено е чувство на пространост кое потполно ја менува атмосферата. Новиот дизајн на поткровјето е светол, комфорен, компактен и целосно функционален, и нема кој не би се согласил дека е совршено стилизиран. Во ентериерот умешно се измешани неколку различни стилови кои се надополнуваат, давајќи му разигран и шик амбиент со еклектичен шарм. Белата основа е збогатена со декоративни елементи во весели и интензивни бои, флорални дезени и контрастни детали кои хармонично се искомбинирани во просторот, внесувајќи свежина и пролетна игривост. Нагласените ѕидови од цигла и дрвените столбови, пак, вдахнуваат топла рустична нота во амбиентот. Преубаво решение за поткровје, со максимален ефект, а минимални трошоци. Инспирирајте се!

p3

p2

p4

p5

p6

p7

p8

p9

p10

p11

p12

p13

p14

p15

p16

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧанти | пролет-лето 2014
Следна објаваПролет во слатки пастелни нијанси
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ