Како што сме добро запознаени, овогодинешниот Евросонг ќе се одржи во Копенхаген, благодарение на фантастичната Emmelie de Forest со победничката нумера “Only Teardrops“. Атмосферата со секој поминат ден се разгорува во Копенхаген, кој Ве повикува на дружење. Доколку се одлучите да ја посетите данската гордост за текот на европското најпознато шоу, ние сме задолжени да споделиме со Вас по некој интересен факт за градот, за овогодинешниот натпревар за НАЈ песна во Европа и можеби со некоја анегдота.

4

Како прво, Копенхаген е не толку голем град, но има неверојатно широки погледи. Тука можете слободно да се чувствувате слободно во своја кожа, Копенхаген никогаш и никого не осудува. Неговиот стар познат шарм, модернистичката архитектура и едноставната вкусна кујна го прават Копенхаген “Град на животот”.

2

Кога сме кај храната, постои едно правило кај сите Скандинавци. Едноставно и совршено. И не само кај храната. Тука се користат свежи и сезонски состојки. Внимавајте, добрата комбинација со вино го издигнуваат Копенхаген до ранг на најдобри светски гастрономски дестинации.

3

Кај модата, основното правило е демократско. Само доколку е лежерно и опуштено но внимавајте, со вкус.

6

Сместувањето е можеби малку со неразумни цени. Треба огромна среќа да се пронајде добро сместување со ниски цени. Но, кому му треба сон за време на најлудите европски денови? ;)

Кај треба да се оди и што може да се види?! Е тука треба да си направите една доолга листа со беспрекорен распоред. Исто скандинавски. Во Копенхаген јавниот сообраќај е беспрекорно организиран. На 1 100 000 жители на располагање им стојат возови, автобуси и две линии за метро.

Погледнете ги неколкуте ТОП заменитости:

Кралските палати

Да, добро прочитавте, ги има неколку.

Amalienborg е зимскиот дом на данското кралско семејство. Се истакнува со четирите идентични класистички фасади со внатрешни рококо ентериери. Во средината на октогоналниот двор се наоѓа статуа на создавачот на оваа прекрасна палата, кралот Фредерик V. Во оваа палата е сместен “Музејот на уметноста”.

5

Frederiksborg е сместен во Hillerød, северно од Копенхаген. Овој импресивен ренесансен замок беше изграден во првите децении на XVII век од легендарниот дански крај Кристијан IV. Во него е сместен “Музејот на националната историја” и дефинитивно не смеете да го пропуштите.

7

Замокот Rosenborg e уште еден проект на Кристијан IV. Изграден во стилот на специфичната холандска ренесанса која станува честа за овој период во Данска. Познатите архитекти Bertel Lange и Hans van Steenwinckel имаат влијание во идеите за неговото градење.

8

Christiansborg палатата е довршен во периодот од 1907-28 година од страна на архитектот Thorvald Jørgensen во стил наречен нео-барок. Карактеристичен е со своите гранитни фасади. Во оваа палата Кралицата ги извршува главните функции.

9

Оперската зграда

Се смета за една од најмодерните оперски куќи во светот. Изградена со повеќе од 500 милиони американски долари, може слободно да се потенцира дека е најскапа во светот.

10

Статуата на Малата Сирена

Не постои човек кој го посетил Копенхаген, а не се фотографирал со оваа статуа. Инспириран од познатата приказна на Ханс Кристијан Андерсен, вајарот Карл Јакобсон ја креирал до самиот брег, во морската вода.

11

Не ги заборавајте и познатите зелени паркови во Копенхаген. За да ги посетите сите, треба да станете жител на овој град.

Кога сме кај Евросонг, мораме да и честитаме на Данска за подготовките на салата, која дефинитивно одзема здив. Оваа година Скандинавија има подготвено екстра нумери. Минатата година Шведска и ја додели наградата на својата сосетка, да видиме дали и Данска ќе го направи истото. Постојат предвидувања дека има можности Финска да победи оваа година, но сепак таа задача ја оставаме на Европа да одлучи.

13

Изборот на Скандинавија за претставување на своите држави се следните нумери:

Данска (домаќинот): Basim – Cliché Love Song

Финска: Softengine – Something Better

Норвешка: Carl Espen – Silent Storm

Шведска: Sanna Nielsen – Undo

Сепак, ние со сето срце навиваме за нашата Тијана Дапчевиќ и се надеваме на што повеќе поени, бидејќи овогодинешната песна е една од најдобрите наши до сега. Само ни преостанува да држиме среќа и да чекаме денот на Евросонг да пристигне што побрзо…

Во Копенхаген веќе се одбројуваат часовите. ;)

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Моќта на пролетта
Следна објаваЧанти | пролет-лето 2014
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ