Обврски, обврски и обврски. Закажани состаноци и целодневна брканица со контакти. Училиште, факултет, работа. Нетрпеливост со преференциите и нетолеранција со блиските. Врска, семејство, деца… кафе со пријателите, излегување на кино како излегување од нормалниот распоред.

Книга која неодамна ја добивте на подарок. Книга која успеа да Ви го задржи интересот и стана Ваша попаметна половина со која излегувањата не се чинат така здодевни. Книга на која недоволно ѝ се посветивте. Немарноста при третманот на било која книга која сте имале чест да ја стекнете во сопственост – како физичка, така умствена; е непростиво дело доколку се земе во предвид нејзината суштествена намена. Ова видео во продукција на Studiocanoe од Лондон ќе Ве замисли како се однесувате кон некоја од Вашите книги.

Што би се случило кога би ѕирнале во нејзиниот дневник?
Дали би можеле да живеете со разочарувањето кое сте ѝ го нанеле?.1.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСоздавање сопствени светови | Ѓорѓи Десподов
Следна објаваКафемоција | Драган Божинов
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ