Во моментите кога затаената заситеност го достигнува својот врв, очајот се поставува како највисока категорија на болката – во таквите моменти, се случува тешка бракоразводна парница, каде емоциите му отстапуваат место на егото, согласно среќата да и се плати нејобјавената книга на Лиз однапред. Одлуките донесени во таков момент, дефинитивно го менуваат курсот на живеење. Одлуки насочени кон географско уживање како своевидно жртвување на една година од животот за повисоки цели.

Стартувајќи со првото И на нејзината турнеја за преболување, се упатува кон европскиот југ – восприемањето на земските задоволства, преку примамливата и никогаш одбиена италијанска кујна, младите и згодни Италијанци како и исфорсираниот шопинг поради нагло зголемување на тежината резултира со задоволен одраз во огледалото и напуштање на Италија за три месеци. Следното И се случува на азискиот континент, каде се што се евидентираат нејзините први обиди за медитација, обиди да го замолчи умот прифаќајќи го неуморниот дух и давајќи му име Г-дин и Г-ѓа Празна воденица и трите деца Бла, Бла и Бла, обиди чиј финиш значи консензус на телото и душата во спиритуалната Индија. Упатувајќи се на последното И, Индонезија, под агол на Азија&Океанија, не е ни малку свесна дека ќе ја сретне вистинската љубов

За едно нешто ќе Ви дадеме грант – емпатично ќе го искусите нејзиното мало туристичко уживање, базирајќи се на нејзината потрага по духовноста, мирот, среќата.

Здравоооо, споделете доколку Ви се допадна Проектот.