Петтиот фестивалски ден од 17. Скопски филмски фестивал донесува 5 нови филмски остварувања кои ќе бидат прикажани денес во градското кино ,,Милениум” и ,,Кинотека на Македонија”.

001

Филмската програма во ,,Милениум” ќе ја отвори проекцијата на ,,Рај : Надеж” во 16 часот, со што ќе се заокружи трилогијата на режисерот Улрих Зајдл. Во 18 часот бесплатно ќе биде прикажан филмот ,,Утринска ѕвезда” со Иги Поп во носечките улоги. Два часа подоцна следува ,,Јас, лично јас и мајка ми”, изненадувачкиот хит на публиката на овогодинешниот Кански фестивал, а како последен во 22 часот ќе биде прикажан контроверзниот ,,Влажни места”, овогодишниот фаворит за најозлогласен филм на фестивалот, најверојатно и сексуално најексплицитен. Во ,,Кинотеката на Македонија”, пак, продолжува ретроспективата на американскиот режисер Џим Џармуш, а вечерва на програмата е ,,Надвор од законот” од 1986 година, чија проекција е закажана во 20 часот.

Рај : Надеж / Paradise : Hope (2013)

sff01Како што Улрих ја завршува својата Рајска трилогија со неговиот трет и последен дел, го завршува портретирањето на современото семејство преку неговото можеби најуниверзално дело до сега. Ја раскажува приказната за Мелани, 13 годишно девојче со прекумерна тежина, нејзината прва љубов. Додека нејзината мајка Тереза патува во Кенија (Рај: Љубов), а нејзината тетка Ана Марија врши мисионерска работа за Исус (Рај: Верба), оваа тинејџерка го поминува летото со свои врсници во строг камп за слабеење во село во Австрија. Помеѓу спортот, нутриционистичкото учење, борби со перници и патетични излегувања во диско, таа се вљубува во директорот на кампот, 40 години постар доктор. Додека докторот се бори со вина поради грешната природа на неговите страсти, рајот кој Мелани го има замислено за себе е целосно различен.

Утринска ѕвезда / Morning Star (2012)

sff02Мал циркус и неговата екипа се сместени на брегот на Северното море. Тмурно место и со малку публика. Танчерката Ангел живее со Елиот, кловнот кој е прогонуван од неговата совест (Иги Поп). Херој, сопственикот на циркусот е сурова и шизофренична личност. Но, сепак тој не е имун на шармот на танчерката. Херој, со помош на Зефир и Зохра, магионичарот и Ромката, ќе се обиде да го освои срцето на Ангел. Циркусот е омилена позадина за филмови кои се се друго само не весели. Во вториот филм на Софи Блонди таа претставува разновиден микс на ликови кои се поврзани меѓу себе на мрачен начин.

Јас, лично јас и мајка ми / Me, Myself and Mum (2013)

sff03Изненадувачкиот хит на публиката на овогодинешниот Кански фестивал, на наградениот актер, сценарист и режисер Гилиам Галиен. Филмот е мудра адаптација на неговото сценско шоу составено од еден човек во еден екстравагантен, исповеден и смешен филм за сексуалноста и родовите. Галиен се игра себе си од дете, преку тинејџер до млад човек, документирајќи го неговиот непријатен живот со доминантната мајка која го одгледала како геј дури пред тој да има можност да ја определи својата сексуалност. Гледајќи ја мајка си како некој за пример, Галиен го поминува детството обидувајќи се да ги имитира сите нејзини карактерни црти и се обидува да израсне во жена како неа. Приказна за човек кој ја презема контролата на својот комплициран живот на тотално оригинален и театрален начин. Филмот е уникатен во истражувањето на сексуалноста и родовите на начин кој е забавен исто толку колку што е и трогателен. Филмот предизвика силен аплауз на својата преимиера во Кан.

Влажни места / Wetlands (2013)

sff04Секоја година, еден филм на Санденс ги поместува границите на човековата пристојност. „Влажни места“ е овогодишниот фаворит за најозлогласен филм на фестивалот, најверојатно и сексуално најексплицитен и најбезобразен. Филмот е приказна за девојка со многу нездрава и фетишна опсесија со одредени делови од телото, најмногу како резултат на нејзината реакција на разводот на нејзините родители. Хелен води среќен и промискуитетен живот, но нејзината стабилна рутина ќе биде изместена од колосек кога по една незгода ќе заврши во болница. Чудната тинејџерка има невообичаени хигиенски навики благодарејќи на нејзината религиозна мајка која има фобија од бактерии. Филмот ќе биде издвоен од фестивалската публика поради неговата забранета содржина, но, исто така, тој на сатиричен начин го претставува стравот на мажите од женската сексуалност.

Надвор од законот / Down by Law (1986)

sff05Кога судбината ќе спои тројца беспомошни мажи – невработен диџеј (Том Вејтс), ситен макро (Џон Лури) и италијански турист со силна волја (Роберто Бенини) – во затвор во Луизиана нивната заедничка авантура започнува. Тројцата заедно бегаат од затворот и се губат во околното густо мочуриште. „Надвор од законот“ ја прикажува фасцинацијата на Џармуш со луѓето кои живеат на маргините на животот. Како и во „Почудно од рајот“ овој филм има повеќе за цел да ги преиспитува луѓето кои не се вклопуваат и не се заинтересирани да го остварат Американскиот сон.

 Divianarts.com е  член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПет филмски приказни на денешното мени на 17.СФФ
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ