001

И малото може да биде убаво, едноставно и практично, доколку знаете како да го извлечете најдоброто од него. Повеќето луѓе се соочуваат со дилемата како да добијат дополнителен простор за сите работи кои сакаат да ги сместат во својот дом, а притоа истото да биде со стил. Бели ѕидови, бели подови и бел мебел? Да, тоа е идеален начин визуелно да го зголемите просторот, и најдобрата алтернатива доколку сакате да ги истакнете одредени детали во ентериерот. Убавите декоративни елементи во интензивни и весели бои, како перничињата, светилките и шарените илустрации, во овој мал стан создаваат среќна атмосфера, истовремено давајќи им модерна нота на собите. Она што посебно воодушевува во него, е секако начинот на кој е искористена скромната квадратура. Средувањето на малиот стан може да биде многу тешка задача, бидејќи лимитираниот простор значително ги скусува можностите, но не и овде. Се’ e одлично организирано, сложено по мера и компактно, па покрај со добриот вкус во уредувањето на ентериерот, овој прекрасен стан може да се пофали и со комфорен амбиент за живеење. Едно од паметните решенија се високите ормани, со кои се добива екстра простор за складирање, без задушување на просториите со дополнителни помали шкафчиња. Која е вашата омилена идеја?

002

003

005

006

007

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпектакуларно враќање на класичната музика
Следна објаваПрограма на 42 Мајски Оперски Вечери
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ