Со проекцијата на руската историска драма „Сталинград“ на Фјодор Бондарчук, вечерва започнува 17. издание на Скопски филмски фестивал. Празнувањето на седмата уметност во метрополата ќе трае од денес па се’ до 30 април, а организаторите подготвија богата програма со вкупно 60 филмски наслови.

001

,,Сталинград” e историски воен спектакл снимен во најновата 3D Imax технологија. Филмот на Бондарчук е авторска екранизација на една од најкрвавите битки во историјата во која загинаа 2 милиони луѓе и која беше една од пресудните за исходот на Втората Светска војна. Раскажан е од две страни, од страна на руските војници кои бранат една стратешки важна зграда и со тоа го спречуваат излезот на нацистите на реката Волга и од агол на германски официр кој раководи со нападот на таа зграда.

002

003

,,Јасно беше дека ветеранот актер и режисер Федор Бондарчук ќе оди на нешто големо, со „Сталинград“ првиот руски филм снимен цел во 3Д и издаден во 3Д ИМАКС формат. Бондарчук оркестрира комплексна толпа и воени сцени кои вклучуваат бучни тенкови и авиони кои се уриваат, интензивни борби, пукање и снимки од дирекни борби.Ова е првиот филм за Сталинград кој започнува со глас на јапонски. Зошто, се прашувате, дали сме во Јапонија? Излегува дека сме на местото на земјотресот во Фукушима во 2011 година. Помеѓу меѓународните спасувачи е и еден руски доктор, кој се обидува да спаси млади германски туристи заробени во урнатините. Обидувајќи се да ги смири петте студенти заробени во урната зграда, тој им раскажува охрабрувачка приказна.Приказна за љубов во текот на една од најдеструктивните битки во модерната историја.Враќајќи се наназад пред околу 70 години, во есента 1942 година за време на една од најважните битки во Втората Светска Војна, која го запре напредувањето на нацистичките сили и ја сврте насоката на војната во прилог на Сојузничките сили. Советската армија подготвува контра напад на нацистичките сили кои го окупираат половина Сталинград од другата страна на реката Волга, но операцијата да се помине реката е безуспешна. Неколку војници успеваат да поминат од другата страна и остануваат заглавени помеѓу непријателските сили, но успеваат да се засолнат во една куќа на брегот на Волга. Тука тие наоѓаат девојка која не побегнала кога дошле Германците. За руските војници таа претставува се она за што тие се борат – земја, сестри, мајки и сопруги.Со текот на времето дознаваме дека таа е всушност мајката на нараторот, која останува сирак за време на битката, и со нотите на сентименталната музика во позадина, секој од војниците се заљубува во неа, од речиси немиот поранешен оперски тенор, ладнокрвниот снајперист, до измачениот командант.Додека сета моќ на германската армија се нафрла врз нив, овие херои на Сталинград доживуваат љубов, загуба, среќа и чувство на ултимативна слобода која може да биде почувствувана само од оние кои умираат.”

009

005

„Сталинград“ беше рускиот кандидат за престижната награда Оскар, а има учествувано и на повеќе европски филмски фестивали. Критиката го оцени како ,,раскошен, бучен, експлозивен и преплавен со стереотипи”, а режисерот ќе каже дека целта му била да создаде ,,досега невиден филм, кој ќе ги урне границите помеѓу фиктивниот свет и реалноста”. Сценариото за филмот е на Ilya Tilkin и Sergei Snezhkin, а главите улоги доверени им се на: Petr Fedorov, Thomas Kretchmann, Sergey Bondarchuk, Maria Smolnikova и Yanina Studilina.

Премиерно пред скопската филмска публика ќе биде прикажан вечерва, со почеток од 20 часот во градското кино ,,Милениум”, со што и официјално ќе биде означен почетокот на 17. Скопски филмски фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗабавни звучници со ретро дизајн
Следна објаваМодерен стан со смирен изглед
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ