001

Неодамна ви прикажавме феноменален пример како стан со истата површина може истовремено да биде убав и комфорен, а овојпат нашиот избор е еден сосема поинаков, но не помалку атрактивен и практичен дизајн во малата квадратура. Напротив, полн е со интересни и корисни идеи кои сигурно ќе ве воодушеват. Паметниот распоред и внимателно избраните детали можат да направат вистински чуда во малиот простор, па така е и во овој минијатурен, но многу шармантен дом. Погодната висина е искористена за создавање галерија веднаш над влезот, во која е сместена спалната соба. Ваквото решение отворило бројни можности за искористување на просторот во долниот дел на собата. Удобната зона за дневен престој се наоѓа веднаш до двата големи прозорци, што на остатокот од собата и обезбедува големо количество на дневна светлина. Каучот во тандем со масичката за кафе и фотелјата формираат вообичаен тип на дневна соба, но фотелјата исто така претставува и пријатно катче за читање, со многу природна светлина на располагање. Изгледот на дневниот престој го зачинуваат прекрасните детали и убавиот килим. Омилена идеја? Дефинитивно скалите, кои покрај тоа што водат до спалната соба, имаат повеќенаменска улога, служејќи како простор за складирање со неколку отворени полици. Комбинацијата на дрво и челик му дава индустриска шик нота на ентериерот. Спалната соба е многу едноставна, но има доволно место за удобен голем кревет и полица, на која лежерно се поставени книга и ноќна лампа. Кујната е сместена зад лизгачките врати, на крајот од малиот ходник кој води и до бањата. Ѕидот од тули и дава топло чувство, а во комбинација со елементите, деталите и елегантниот лустер креира еклектичен декор, во малата, но мошне пријатна кујна. Задоволството продолжува на кокетниот балкон, кој дочекува со релаксираниот амбиент и спонтаната атмосфера под отворено небо. Преубав мал стан, кој е максимално функционален, одлично, а притоа не делува нималку претенциозно или прескапо за реализација. Инспирирајте се!

002

003

004

005

006

007

008

009

010

012 013

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни фотографии на „отпад“
Следна објаваЗабавни звучници со ретро дизајн
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ