Одењето во книжарница често е придружено со негодување или бунтување од страна на децата. Секоја чест на исклучоците, но последниот проект на Arthur Casas сместен во Сао Паоло дефинитивно ќе им го смени мислењето на првата категорија деца, правејќи да посакаат да станат читатели. Односно, да се вбројат во втората, поретка категорија. Додека останатите книжарници може да се пофалат со линеарна поставеност на просторот и секако, полици распоредени наоколу – The Saraiva Bookstore отстапува од ставот „што може да биде поздодевно од незаинтересирано одминување на полиците со книги?“ затоа што оваа книжарница има сосема нов и предизвикувачки концепт.

Прошетка по виножитото е можеби наједноставната дефиниција, затоа што поставените полици се во разиграна форма и несекојдневни геометриски дизајни кои додаваат ефект на фантастична бајка, особено значајна за делот посветен на детска литература. Големи и меки перници се сместени на подот, кои бесшумно повикуваат на задоволство придружено со книга… овој дизајн дефинитивно говори за правилниот пристап и внесувањето добри навики во секојдневието на децата.

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGoogle честитка | Роденден на Шарлот Бронте
Следна објаваМириси инспирирани од љубовниците на Луј XIV
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ