Книжевниот свет пред два дена се прости од Габриел Хозе де ла Конкордија Гарсија Маркез, најпознатиот колумбиски писател, раскажувач на кратки есеи, сценарист и новинар. Габриел Гарсија Маркез, меѓу блиските познат како Габо – освен што се смета за еден од најзначајните автори на 20тиот век, тој во 1982 година станува Нобелов лауреат, евидентно во областа на литературата. Почнувајќи како новинар, неговиот книжевен опус брои доста раскази, како и квалитетни романи, од типот на Сто години самотија (1967), Љубов во време на колера (1958), За љубовта и другите демони (1994) итн. Неговите дела добиваат значајна критика и комерцијален успех, особено како сведоштво за еден квалитетен литературен стил познат под терминот „магичен реализам“ кој се користи за илсутрирање на реални искуства со магични ефекти. Со најчесто изразена тема на осаменост, Маркез ќе продолжи за живее преку неговите дела и огромното наследство кое тој му го остави на светот…
Кога тој дознава за својата болест, решава да се повлекува од јавниот живот и испраќа писмо за збогување до сите свои пријатели и љубители на убавиот збор.

Ако Бог, за момент, заборави на она што сум направил и ми даде малку повеќе од животот – јас би го искористил најдобро според моите способности.
Јас не би, најверојатно според она што е во мојот ум, јас ќе бидам повнимателен за она што го зборувам.
Јас ќе им дадам заслуга на нештата не за тоа колку се вредни, туку онолку колку што може да значат.
Би спиел малку, би сонувал повеќе. бидејќи знам дека со секоја минута штом ги држиме очите затворени – губиме 60 секунди светлина.
Би продолжил да се движам кога другите ќе застанат, ќе се разбудам додека другите спијат.
Ако Бог ми даде уште малку од животот, би се облекол наједноставно и би се сместил на сонце – не оставајќи го само моето тело, туку и мојата душа гола пред милоста на истото.
На сите мажи, би им кажал колку грешат со помислата дека престануваат да се заљубуваат поради стареењето, затоа што тие стареат штом ќе престанат да се заљубуваат.
Би им дал крила на децата, но би ги оставил самите да научат да летаат.
На старите луѓе, би им кажал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавањето.
Научив многу од сите Вас, научив дека секој сака да живее на врвот, без да знае дека вистинската среќа е во патувањето и начинот на кој се искачувате кон врвот.
Научив дека кога новороденче до држи прстот на својот татко со своето мало раче, го заробува за остатокот на неговиот живот.
Научив дека човекот има право и обврска да погледне од високо друг човек, само кога му нуди помош да стане.
Секогаш кажувајте како се чувствувате, а не што мислите, Ако јас знаев дека денес е последниот ден кога те гледам додека спиеш – би те прегрнал со сета моја сила и би го замолил Бог да ми дозволи да бидам ангел-чувар на твојата душа.
Ако знаев дека ова се последните моменти да те видам, би ти кажал „те сакам“.
Секогаш постои утре, животот ни дава нова можност за да ги направиме нештата на правилен начин; но, ако грешам и ако денес е се’ што ми останува, би ти кажал колку те сакам и дека никогаш нема да те заборавам.
Сепак, „утре“ не доаѓа со гаранција на никого, стар или млад. Денес може да е последен ден кога ги гледате Вашите сакани, затоа немојте да чекате. Направете се’ денес, во случај да нема утре. Јас сум сигурен дека ќе Ви биде жал што денес не сте ја искористиле можноста да порадите насмевка, прегратка, бакнеж; и дека сте биле многу зафатени за некому да исполните желба.
Чувајте ги саканите блиску, кажете им во очи и уши колку Ви се потребни. Сакајте ги и третирајте ги добро, најдете време да кажете „извини“, „прости ми“, „те молам“, „благодарам“ и сите убави зборови кои значат.
Никој нека не знае за Вашата тајна вечерва. Побарајте од Бога мудрост и сила за да го изразите сето ова.
Покажете им на пријателите и саканите колку Ви се важни.
Испратете го ова писмо до оние кои ги сакате. Ако не го направите ова денес… утре ќе биде како вчера, и ако не го направите денес веќе нема да биде важно, моментот е сега.
За вас, со многу љубов.
Вашиот пријател,
Габриел Гарсија Маркез
СПОДЕЛИ
Претходна објаваYolanCris | Бохо невести 2014
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ