Ако си помисливте дека џет-сет светот е интересен поради сочните детали од приватните животи на ѕвездите, размислете повторно. Начинот на кој истите се перцепирани е диктиран од филмовите во кои глумеле, песните што ги испеале, рекламите кои ги снимиле. Но, како функционираат овие работи во книжевниот свет? Која е позадината на авторот, кој ретко може да го запознаете – освен, по стилот на кој пишува? По книжевните занимливости, денес Ви откриваме 5 интересни факти врзани за 5 познати автори…

Ако овие информации Ви ја сменат перцепцијата за некој од Вашите омилени автори, повторно ќе Ве повикаме да размислите: минатото на еден човек не ја детерминира неговата личност денес, не го омаловажува неговото дело и не го изместува имиџот на создаден квалитет. Само го карактеризира како човек.

1

Пред неверојатниот успех на „Волшебникот од Оз“, Л. Френк Баум има објавено една книга… за кокошки. „Книгата за хамбурзи“ се однесува на тоа како да одгледате хамбург, посебен вид на кокошка.

2

Џоди Пико, авторката на „Мојата сестра, мој чувар“ е чудесна – толку чудесна што во 2007 има напишано серија стрипови за Wonder Woman.

3

Керолин Кин е авторка на „Ненси Дру“. Штета што не постои Керолин Кин, бидејќи тоа е псевдоним што го користат многу автори кои пишувале за Ненси Дру. Мистеријата е решена!

4

Џ.М.Бери е познат по создавањето на „Петар Пан“. Но, не е познато дека тој се претставувал како неговиот починат брат? За љубов на својата мајка, која тогаш стареела – Бери се лажно се претставувал бидејќи неговиот брат бил омилен на мајка им.

5

Авторот на „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“ и доста други со слична тематика, Ден Браун не бил отсекогаш писател. Пред оваа слава, тој бил пејач. Претежно насочен кон детски песни и религиозни арии.

НЕМА КОМЕНТАРИ