Иако празникот обележува ист религиско-историски настан, сепак со текот на времето се појавиле различни традиции во светот. Еве некои од најинтересните…

Финска

5

Децата во оваа скандинавска земја се шетаат низ финските улици со навистина чуден имиџ. Нивните лица се боени, околу главата имаат врзано марама, додека со рацете носат дрвени гранки или пак стар чајник. Во западна Финска се почитува еден стар нордиски обичај, се пали оган во Недела, со верување дека ќе ги заштити луѓето од злобните вештерки, кои летаат на своите метли меѓу Петокот и Неделата.

Полска

6

Фрлањето на кофа полна со вода е сосема нормално меѓу машките на полските улици за Велигден. Според верувањето, оној кој ќе биде целосно воден, ќе се жени следната година. Дозволени се и пиштоли на вода. :)

Haux, Франција

L'omelette géante à Saint Aubin !!!

Тука секоја година за наголемиот христијански празник се подготвува огромен омлет. Повеќе од 4 500 јајца се употребени за омлет, кој може да нахрани 1 000 луѓе. Традицијата потекнува од еден историски настан, кога Наполеон со својата војска се шета во еден предел на Јужна Франција. Тој застанува на едно место, каде му приготвуваат омлет. Воодушевен од вкусот, тој порачува гигантски омлет за следниот ден, за целата негова војска.

Норвешка

2

Во оваа земја, Велигден е празник на крими-романите. Издавачките куќи всушност прават посебни велигденски изданија – Paaskekrimmen на крими романи. Велигден е празникот за читање кај Норвежаните.

Вашингтон DC

President And Mrs. Obama Host Easter Egg Roll On White House Lawn

Веќе 130 години Белата куќа е домаќин на Easter Egg Roll кој се одржува на Јужниот травник. Правилата на играта е тркалањето на сварените избоени јајца со дрвена лажица за готвење. Оваа година паролата на темата ќе гласи “Ready, Set, Go!” и ќе нагласи колку е важно децата да водат здрав и активен живот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Сонот на девојките
Следна објаваТренд | Пролетни фризури
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ