00

Скандинавскиот велигденски декор изгледа многу природно и смирено, за што во голема мера придонесува користењето на традиционални материјали, како што се каменот, дрвото и стаклото, во комбинација со пролетно цвеќе, јајца и зајчиња. Велигденските јајца се во минималистички тон, со или без шара, суптилно украсени со перје и конопни врвки. Јајцата и лушпите од јајца (кокошкини или од препелица), наголемо се употребуваат како украси или главен детал, поставени во тегли и картон, заедно со  свеќи и свежо цвеќе. За таа намена, особено се користат зеленилото и билките, и тие се елементите кои и даваат живост на скандинавската велигденска тема. Она што посебно ни се допаѓа кај овие шармантни украси е едноставноста која се провлекува низ убавиот стил. Во продолжение, погледнете некои од идеите и инспирирајте се во пресрет на празничните денови!

01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите пекари во светот
Следна објаваVera Wang | венчаници 2015
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ