„Значи, ти би сакал да разговараш со мене?“ – рече Бог.
„Aко имаш време“, реков.
Бог се насмевна. „Моето време е вечност“, рече. „Што сакаше да ме прашаш?“

,,Што најмногу те изненадува кај луѓето?“

,,Тоа што детството им е досадно. Брзаат да пораснат, потоа посакуваат повторно да се деца.
Што го трошат здравјето за да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето.
Што толку многу размислуваат за иднината, што ја забораваат сегашноста. На тој начин, не живеат нити во иднината, нити во сегашноста.
Што живеат како да никогаш нема да умрат, а кога ќе умрат – како никогаш да не живееле.“

Бог ме фати за рака. Останавме за момент во тишина.
Тогаш прашав: „Како родител, кои животни поуки би сакал да ги научат твоите деца?“
Насмевнувајќи се, Бог одговори:

„Да научат дека не можат никого да присилат да ги сака. Можат само да сакаат.
Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во својот живот.
Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите…
Да научат дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој најмалку му треба.
Да научат дека се потребни неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.
Да научат да простуваат..
Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат, но не умеат тоа да го кажат или покажат.
Да сфатат дека со пари се купува се.. се освен љубов, среќа и здравје.
Да научат дека 2 личности може да гледаат во иста работа, но да ја видат различно.
Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив… – а сепак ги сака.
Да научат дека не е доволно само другите да им простат. Мора и самите себеси да си простуваат.

Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си направил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил. “

СПОДЕЛИ
Претходна објаваА потоа – Гијом Мисо
Следна објаваФото на денот | Скок
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ