Велат, добрите книги не ги издаваат сите свои тајни одеднаш.
ДА верува, добрите издавачи се чуваат за Саем…

9

Пред крајот на овогодинешниот, долго-очекуван Саем на книга, DA како објективен уметничко-критички медиум реши да направи еден кус сумарум на впечатоците од ова неделно дружење на книжевниот свет. Во најкратки можни црти, оваа година посетите беа драстично поголеми во однос на минатата, додека бројот на нови изданија со печат од издавачките куќи беше релативно помал од минатата година.

Ако успеавте да се сетите на минатогодишните впечатоци од Саем на книгата, тогаш истрајно и убедено ќе Ви пренесеме дека повторно нашиот интерес се задржа на штандот на Арс Ламина – ако 2013 за нив беше промотивна шанса за стекнување кредибилитет со помош на Саемот, оваа година дефинитивно направија значително поефективен бум. Со преку 100 нови наслови од белетристичен карактер и речиси 200 нови наслови од стучната литература, Арс Ламина повторно го имаше најубавиот штанд на кој постојано се менуваа лица, се разменуваа препораки и пофалби, се подаваа црвени кесички… Покрај тоа, креативните видови на маркетинг беа претставени како атрактивен пакет за читателите, така што веднаш од старт – со купување на влезница, добивате купон за нивната наградна игра од која секој ден од времетраење на Саемот се извлекуваат по 50 добитници на книги. Секако дека изненадувањата не завршуваат тука. Уникатниот изглед на нивниот штанд мамеше посетители, додека удобните фотелји инстинктивно повикуваа на средби со книгите; за сосема очекувано, Арс Ламина да ги повика своите следбеници да го дадат своето мислење за „Која книга би сакале да ја видите во наше издание“ на голема табла врз која константно растеше бројот на залепени пораки. Најавената промоција на графити романите останува за денес, додека биографските наслови на Фергунсон, Асанж и Џоковиќ ги понудија и своите фотографии во природна големина како автентичен белег на промоција долж севкупното времетраење.

Со широка насмевка и исполнетост поради следење на светските случувања, трендови и достоинствено прославување на празникот на книгата, DA повторно ја укажува сета своја чест и високи импресии поради одржувањето чекор со гигантските издавачи во и вон Македонија, но првенствено поради тоа што се различни, свои и уникатни – единствени, Арс Ламина.

.1.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНевидлива велосипедска кацига
Следна објаваLankanfushi – рај на Малдивите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ