Во домашниот, но и во европскиот ТВ-етер од денеска точно напладне почна да се емитува официјалниот спот за песната „To the sky“ што ќе ја отпее нашата годинешна евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.

tij.jpg500Музичката приказна ја оживеа „Горила филмс“, а режисер на спотот е Мерт Арслани од продукцијата „БМА“. Видеозаписот со светски квалитет се снимаше во студиото „XXO“, а го привлече вниманието на јавноста уште пред премиерата, со провокативните фотографии снимени за време на реализацијата на видеото, на кои Тијана е опкружена со триесетина разголени момци – спортисти, танчари и машки модели.

На промоцијата одржана во ,,Арабеска”  беа претставени македонската и англиската верзија, а како што беше најавено, деновиве ќе биде готова и српската верзија.

Погледнете како изгледа евровизискиот спот на Тијана!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМажи танцуваат на штикли во Париз
Следна објаваНационална недела на библиотеките
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ