,,Запознајте ги своите родители во сиот пламен на нивната младост. Вие ги препознавате, тие вас не. Ви подаваат калеидоскопски очила. Гледате ретро дезени и опоен чад во сина, жолта и розова боја. Сега ја имате вистинската слика. Удобно ја прифаќате авантурата на живеење во една поинаква младост. Па, тие знаеле вистински да се забавуваат!’’

1

,,Cloud 9’’ e насловот на последната колекција на Ирина Тошева, со која македонската модна дизајнерка успешно се претстави на неодамна одржаниот 9.Моден Викенд Скопје. Во екот на новата сезона, среќниот облак на Ирина истури бои и живост што пркоси на модната писта, најавувајќи разиграна модна пролет обоена во жолта, сина, зелена и розова боја. Колоритната дизајнерска понуда ја сочинуваат четиринаесет игриви комбинации за пролет/лето’14, изработени со графички принтови и памучни ткаенини, а слеани во ултра шик модни изгледи за двата пола. Прегрнувајќи ги младешката енергија и носталгичниот омаж на 70-тите како инспирација, по светски терк, талентираната дизајнерка овојпат раскажува една поинаква модна приказна:

Колекцијата нè води на прошетка во еден подзаборавен орман. Бев инспирирана од избледените семејни фотографии преку коишто ги запознав своите родители во нивната младост.

2

Изразот „Cloud 9“, пак, го дефинира како еуфорично чувство на лебдење во воздух во моменти на среќа – лајтмотивот кој Ирина и нејзиниот креативен тим умешно го пресликаа и во промотивниот каталог за колекцијата. Фотографиите ги изработи Фросина Илиевска, шминката е на Виктор Мирчевски, за фризурите се погрижи Studio Allure, а во улога на модели се појавуваат: Елена Гугоска, Кјара Гоља, Ана Ежова и Марко Аврамоски. Постпродукцијата е на Кристина Манчева и Фросина Илиевска. Во едиторијалот со ретро тема, шарените креации на Ирина oживуваат во боите на природата, врамени во живописни фото сцени чиј амбиент евоцира спомени за едно убаво минато време.

5

По успешната премиера во Скопје, следното ревиско претставување на ,,Cloud 9” ќе се случи овој месец во Виена, во рамки на модната манифестација „Balkan Fashion Emotions Days“. Во меѓувреме, најновата, но и сите останати колекции со потпис на дизајнерката се достапни на домашниот и меѓународниот пазар преку Bastet Noir – првата македонска интернет продавница за еко мода, од каде потврдуваат дека македонската мода создава соодветни производи за извоз.

Ја имаме честа ексклузивно да ви ја претставиме фотографската приказна со мирис на носталгија и една позната мелодија, за колекцијата што привлекува внимание и надвор од нашите граници.

,,Облечете се во ритамот и боите на природата и дозволете им на вашите сетила да го прифатат предизвикот.

3

4

6

7

8

9

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДетската балетска претстава “ПЕТАР ПАН“
Следна објаваМажи танцуваат на штикли во Париз
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ