Почитувани,

Во сабота 12 април, 2014 година, со почеток во 12 часот, во Македонската Опера и Балет ќе се одржи популарната претставата за деца „ПЕТАР ПАН“.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Насловниот лик ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка: Игор Веланоски, Венди: Дафина Даниловска, Капетан Кука: Трајче Стојковски, Ѕвончица: Билјана Басмаџиева, Мајка: Билјана Пашариковска, Татко: Драган Кочоски, Џон: Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл: Лиле Миленковска, Тајгер Лили: Саша Евтимова, Индијански поглавица: Агим Бафтии, Нана: Стефан Кочевски, Сми: Лора Тарчуговска

 

Потсетување: Заради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБизнис карти за ликовите од поп-културата
Следна објаваCLOUD 9 | Ирина Тошева
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ