1

Ведрите бои и богатиот декор се убавиот спој кој освојува на прв поглед во овој атрактивен стан на две нивоа, сместен на Менхетен. Мини дуплексот е со површина од 62 метри квадратни, но изгледа многу пространо, светло и пријатно, пред се’ поради белите ѕидови кои никогаш не изглегуваат од мода, но и големите прозорци од кои продира големо количество на природна светлина. Одгововорни за проектот, и најзаслужни за неговиот шарм се креативниот тим на Axis Mundi Design, со одлично осмислениот дизајн фокусиран на истакнување на извонредните карактеристики на просторот. Ентериерот е непретенциозен, но префинет, полн со живост и блесок, и едноставно зрачи со позитивна енергија. Ефектните детали, како што се зебрастите пруги, интересните столици, масичката за кафе и раскошниот лустер му даваат кокетен шик изглед. Ведрите дезени на перничињата, модерниот камин, и веселиот килим, пак, внесуваат игривост, совршено вклопувајќи се со топлите дрвени допири во опкружувањето. Спалната соба е поставена во галеријата на второ ниво, и со својот дизајн се издвојува од остатокот од ентериерот. Интензивно синиот ѕид зад креветот вдахнува колоритен поп допир во катчето за одмор и релаксација, додека останатите детали елегантно поигруваат со црно-белиот контраст. Бањата, пак, е стерилно бела и минималистичка. Комфор, светлина, оптимизам и бои – во овој прекрасен њујоршки стан не е нималку тешко да се вљубите!

2

3

4

10

5

6

8

9

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСоздавање на уметничка фотографија
Следна објаваОригинален танц против проблеми
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ