Taа ноќ, тој поглед, таа прегратка.
Загубено е само она од кое што сме се откажале.
Душата на болниот секогаш боли повеќе од коските.

.1.

Храмот во кој музиката го прославува денот кога муграта среќно се тркала кон своето извориште ја предава осовинската суштина на најсветлата ноќ за да ги оствори најскриените твои желби. Олицетворението на харизматичноста оваа ноќ го исполнува секој дел од просторот, давајќи му на воздухот до знаење дека ниедна сила не може да ја уништи оваа ноќ. Онаа ноќ кога немиот почувствува потреба да прозбори, кога слепиот посака да го види светот, кога глувиот го слушна нечујното и моето невино срце затрепери.

Но, денот минува како година, а секундата како век. Гледам во часовникот кој заледен нема да пречекори ни дел од своето скаменето тело. Ме газат големите стапала на времето, а јас сум на исто место исполнета со надеж која згаснува кога уморно го дочекувам утрото. Повторно онаа позната болка која тивко се зарива во местото позади душичката и лакомо се докрадува и силно ја гризе секоја клетка и пора во мене. А, потоа се повлекува… се до моментот на следното издишување кога со својот остар и пенлив нож повторно ме засекува, демне и гори сакајќи да ми ги одземе и слабите, исушени корени. Жртва сум на денот и ноќта.

Изгубена во сивата магла, јазиците на чадот од пригушениот оган повторно ме обвиткуваат. Ги склопувам рацете и ги молам ѕвездите да ја милуваат зората со моите солзи за да се појави она кое срцето го очекува. Да блесне оној поглед за кој жедно копнеам, онаа насмевка за која сонувам и оној бакнеж кој нестрпливо го очекувам. Се да заврши и почне од почеток, се да умре и повторно од ново се роди. Да си ја спакувам душичката во хартија украсена со скапоцени бисери, да ја извезам со љубов и да ја испратам во темната ноќ до својата изгубена половина. Сивите очи да го пригушат чадот, да ја намалат болката во коските и да ми го симнат товарот од плеќите.

Во сопствениот неуспех, да го пронајдам успехот. Да гледам сончева светлина каде другите гледаат сенки и бура. Се изгледа страшно, тешко и сомнежите ме јадат одвнатре, а двоумењето ми ги затвара очите и ме прави слепа и затворени за светот. Да, животот е лавиринт во кој нема патеки за назад. Но, изгубено е само онаа од коешто вистински сме се откажале.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдоброто од Lindsey Stirling
Следна објаваСоздавање на уметничка фотографија
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ