Раскош – Ана Годберсен

Кога стартот на книгата означува погреб, тогаш мора да се работи за длабока тема. Кога тој погреб е во чест на прерано премината девојка, тогаш тоа повлекува мистерија – Менхетен во 1899, смрт на идеална млада дама од високата класа. Иако нејзиното тело сеуште не е пројнајдено, се претпоставува дека се удавила во Хадсон. Но, ова не е приказна за смртта и истражување на околностите и причините кои довеле до вечниот дом на Елизабет Холанд – ова е раскошна, но стереотипна сторија која наликува на „Озборувачка“, но, во едни поинакви времиња: животот на пет тинејџери кои го уживаат Менхетен и животот од високо. Пет тинејџери на работ од човечката девалвираност.

„Зависта е најискрената форма на ласкање.

Наративниот приод сеедно се навраќа неколку недели наназад, каде се следат односите кои довеле до немилата случка – заплетканите врски вклучуваат повеќе материјал од што може да си замислите. Како девојка-пример, Елизабет мора да се омажи за Хенри, фамозниот плеј-бој, иако и обајцата не сакаат, тие немаат избор. Елизабет потајно љуби друг, а на Хенри му се заканува лишување од наследство… тука е и Панелопи, ќерка на ново богато семејство чиј интерес е Хенри; покрај неа, во листата пакоснички на драгата Елизабет се вбројува и нејзината слугинка Лина. Единствениот лик кој ветува незаборавен карактерен развој е бунтовната Дајана Холанд, помладата сестра-некомформист на Елизабет. Исто така, заљубена во свршеникот на сестра си. Како што заплетот се продлабочува, а свечениот венчален чин наближува, читателот влегува во прекрасна грандиозна сцена со очекување дека ќе се забавува, за да се сретне со нецелосен и неочекуван расплет: драма која ќе ги доведе до светлината на денот пријателите, љубовниците и предавниците.

Тие беа општество чија главна вокација беше да забавуваат и да бидат забавувани…

Звучи познато, зар не? Годберсен успева да ја воздигне својата тин сапунска опера во руво на историска литература. Со асоцијација на Апер Ист Сајд денес, се чини дека Њујорк не се изменил премногу компаративно со крајот на 19ти век – се чини дека преференциите и приматот сепак остануваат да важат во теоријата за опстанок, па дури и кога се работи за случајни и детерминирани адолесценти со лабилен карактер.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерно поткровје за млад пар
Следна објаваLego-бендови
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ