1

Пролетта е совршено време за внесување новини во домот, почнувајќи од сезонската обнова на ентериерот, па се’ до преуредувањето на катчињата за уживање надвор. За лежерен и релаксиран изглед на вашиот животен простор, обвиткајте го со спектарот на сини тонови, идеални за внесување свежина, светлина и хармонија во домот. Од блескави аква нијанси, до поинтензивни варијации на сина – оваа палета е одличен избор за стилизирање на секоја соба, а на вас е да одлучите дали целиот простор ќе ,,облечете’’ во сино руво, или, пак, само суптилно ќе го разиграте преку деталите. За сензуална колоритност во домот, играјте си и со корално црвената и жолтата, смирувајќи ги со нежната бела боја и неутралните сиви, беж и крем тонови. Прекрасна инспирација донесува најновиот каталог на West Elm, со многу интересни идеи и  убави предлози за пролетно освежување на домот. Пронајдете ја вашата омилена тема!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДевет месечно исчекување
Следна објаваМодерно поткровје за млад пар
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ