Француската модна куќа има многу работилници и ателјеа, но вистинската магија се случува во првото и главно ателје во париското индустриско преградие Asnières, на левата страна на реката Сена. Таму веќе 150 години се произведуваат куфери и торби, но и се исполнува секој хир на клиентите. Ателјето е опкружено со голема градина, а на вториот кат во удобна и топла атмосфера е меморијалната соба на основачот на брендот, каде што обично се примаат големите клиенти и дизајнерите кои изработуваат капсулни колекции за модната куќа.

1

2

3

4

5

6

 Во најсветлиот дел од куќата се наоѓаат работилницата и ателјето. Многу алати, нацрти и мерки  кои уште од почетоците се чуваат во најстрога тајност. Главното дрво кое се користи е тополата. Во ателјето владее тишина и организираност и јасна поделба на задачите. Едни ја изработуваат дрвената основа, други кожата, а трети шијат. Лицата на работниците не се откриваат дека тие се најголемото богатство на Louis Vuitton, а некои од нив се таму веќе и 40 години.

7

8

9

11

12

13

Во делот од ателјето каде што се подготвува кожата има неверојатно голема количина во разни бои и облици, како и заштитниот знак Epi кожата. За егзотичните кожи има мајстори кои се посебно обучени за тоа.

15

16

17

18

Тука изгледа како времето да запрело. Во работилницата се користат минимално машини и производите се изработени од човечка рака, со многу љубов, душа и посебно внимание.

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрн во око | Alex Lim
Следна објаваDisney постери – Nothing’s Impossible
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ