Патувањата, историјата и уметноста ја поттикнуваат креативноста.

Хип-хоп танцувачот Kapstand направи несекојдневна серија на фотографии наречена The OneHandStand Project.  На фотографиите тој стои исправен на едната рака без воопшто да се помрдне, техника позната како freezing. 

Фотографиите се направени на најпосетуваните туристички места во Париз. Kapstand започнал со својата серија седум месеци откако се преселил во Париз од северно-источна Франција. Бил инспириран од фотографите како Murad Osmann кој е заслужен за Follow Me серијата и сакал да остави свој уникатен уметнички-потпис. Бејк-денсерот никогаш не го покажува своето лице пред камерата и преферира секогаш да остане анонимен за да го креира просторот околу себе како простор на мистерија.

Иако повеќето од фотографиите се направени во Париз, Kapstand се надева дека ќе го збогати својот проект на глобално ниво. Ние се надеваме на вакви серијали од Лондон, Њу Јорк…


1

Eiffel Tower2

Notre Dame3

The Louvre
4

Arc de Triomphe 5

Château de Versailles
6

The Garden of Versailles 
7

Musée d’Orsay8

Palais Royal9

Les Colonnes De Buren 
10Centre Pompidou

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПортрети на музичари во живи бои
Следна објаваСаем на книга 2014
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР